Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Софијанова: 15-20 дена по инфекција можни се постковид симптоми кај децата

/

Македонија

Сподели преку :

„За жал последните два ипол месеци 45 деца со негативен тест за Ковид – 19, кои најверојатно асимптоматски го поминале вирусот, покажаа симптоматологии кои се манифестираат со проблеми со стомакот, бубрезите, срцето, како и централниот нервен систем“, рече вечерва во емисијата ВинВин на Телма, Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника.

Таа истакна дека постковид синдромите кај децата не треба да ги занемаруваме,  да не ги маргинализираме и ако поминале асимптоматски не значи дека завршиле со приказната Ковид – 19.

„Ако има позитивно членови во семејството после одреден временски период од 15-20 дена може кај децата да се појават проблеми со стомакот“, рече Софијанова.

Jumbo 2