916 болни и тешко болни пациенти од Ковид -19. Бројката расте, болниците се полнат. По, Охрид, Прилеп од денеска и Скопје ќе прима пациенти во помошните модуларни објекти.
Проценките се дека доколку пандемијата одново земе замав за десетина дена ќе се пополнат и преостанатите 280 болнички кревети.
Министерот за здравство Венко Филипче крoи резервен план што ако снема место, но прво ќе се чека полицискиот час да почне да дава резултати.
Идејата за јавно приватно пратнерство со приватните болници е во мирување. Хотелот Ибис како ковид болница но без резервоар за кислород е засега последна опција.
Планот се менува најави Филипче. Вакцините за највозрасните граѓани ќе се наменат за останатите бели мантили кои одново ќе се вклучат во грижата за болните од ковид.
Занзибар, Малдиви по прошетките на егзотичните дестинации македонските граѓани најверојатно ќе завршат во карантин.
Владата бара локации, најави Филипче иако ја отфрли опцијата да се затвораат граници за влез и излез на граѓаните.
Павле Беловски
