Ракомет Спорт

Пешевски: Да го поправиме впечатокот од настапот во Египет

Ракометната репрезентација на Македонија со вечерашниот меч против Данска ги продолжува настапите во квалификациите за Европското првенство. По стартните две победи во соочувањата со Финска и Швајцарија не очекува нов предизвик, а тоа дуелот против актуелниот светски и олимписки првак.

“Натпреварот против Данска е можност да покажеме дека настапот на Светското првенство беше само една лоша епизода. Добро се подготвивме во овие неколку дена и во соочувањата со актуелниот светски и олимписки првак ќе се обидеме да играме најдобро што можеме и да го поправиме впечатокот од Египет”, истакна Жарко Пешевски.

Ракометарите на овие подготовки се најдоа во ситуација, капитенот и нивниот соиграч да има уште една улога, а тоа е селекторската. Нашиот најдобар ракометар, Кире Лазаров токму во мечевите против Данска ќе дебитира на новата функција.

“Во прв момент ни беше чудно, но бргу се вклопуваш во новата ситуација. Твојот соиграч и пријател сега е и селектор. Функционираме многу добро и се надевам дека таа врска ќе биде уште подобра и во иднина ќе се радуваме на многу успеси”, заврши кружниот напаѓач.

Натпреварот против Данска се игра вечерва во А1 арената Борис Трајковски, а почетокот е закажан за 20 часот. Во вториот дуел од нашата група Финска ја пречекува Швајцарија и овој меч стартува од 17 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе