Лицата кои се вакцинирани, имаат антитела или негативен тест за коронавирус ќе можат да патуваат во Грција ова лето, изјави грчкиот министер за туризам Хари Теохарис.
Туризмот е еден од главните извори на приходи за грчката економија, па затоа таа е меѓу земјите кои најмногу го притискаат Брисел да воведе сертификати за вакцинирање. Теохарис вели дека Грција планира да ја почне својата летна сезона во средина на мај.
Грција има воведено карантин во неколку делови од земјата со цел да го спречи ширењето на коронавирусот откако зголемувањето на бројот на нови случаи значително го притисна здравствениот систем. Денеска се регистрирани 3.215 нови случаи, најмногу од почетокот на годината, како и 46 починати од ковид-19. Ситуацијата е најтешка во регионот Атика, каде што се пополнети 90% од болничките капацитети.