Скопје, Куманово, Кавадарци почнуваат да ги полнат помошните монтажни болници за прием на болни од Ковид, Тетово ги чека клучевите од модуларната болница од министерството за здравство. Бројот за заразение се зголемува, а бројот на кревет се намалува во земјата. Британската мутација изминативе недели забрзано се шири во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид кои што прераснуваат во ковид жaришта. Надлежното министерство смирува дека има слободни места иако рсте и бројот на пациенти со тешка клиничка слика.
Дел од болниците полни, модуларните одново се пуштаат во функција. Состојбите од есенскиот бран се пресликуваат пред почетокот на пролетта. 43 граѓани со Ковид -19 само синоќа легнале во болнички кревет. Главниот град лекува 353 пацинети – сите со тешки симптоми. Скопје, Прилеп, Охрид и Тиквешијата се новите ковид жаришта. Кавадарци ја наполни болницата а од денеска пациенти ќе прима во модуларната – помошна болница.
2/3 од вкупните капацитети за лекување на болн идо Ковид се пополнети, а заради повотрно ширње на заразата ковид- центрите стравуваат дека до крајот на месецот нема да има пслободни кревети. По, Скопје, Куманово, Ккавадараци и Прилеп, и Тетово ги чека клучевите од модуларната болница .
Секој петти пациент од вкупно 899 кој се пожалил на проблеми од болеста Ковид се лекува во двете специјалзиирани болнички центри, информираат од здравство.
Министерство за здравство: „Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 125 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти.“
Бројот за заразени се зголемува, а бројот на кревет се намалува во земјата иако според Министерот Венко Филипче се уште посотјат можности за проширување на бројот на легла.
Ситуацијата во внатрешноста е посериозна. Лекарите специјлаисти за вирусот стравуваат дека лесното ширење на биртоанскито сој го зголемува бројот на пациенти со тешка клиничка слика на кои не може да им се пружа нега во внатрешноста.
Пред крајот на годината владата и приватните болници стасаа до дговоро да обезбедат кадар, опрема и објектот кај стара Систина во скопски Карпош за да лечат над 100 пациенти до ковид -19. Надлежните власти и по неколку месеци се уште немаа дадено соодветна дозовла за псотавување на резервоар за болнички кислород.
Павле Беловски