Македонија

Невладините со „пресуда“ за надлежните коишто не постапуваат за насилство врз жени

Со гласни извици пред зградата на МВР и транспаренти со пораки високо кренати во воздух – започна осмомартовскиот марш против насилство врз жените.

Со фокус ставен на случајот познат како „Јавна соба“ како најсвеж пример, насобраните протестирачи побараа реакција од институциите.

Симболично им изрекоа пресуда на институциите кои замижуваат пред случаи на малтретирање и заплашување жени и ги прогласија за соучесници во чинот.

Рутата на маршот беше од Министерството за внатрешни до паркот со симболика во името – Жена борец, во центарот на градот.

И таму ги покажаа големиот број различни транспаренти и побараа најстрого казнување на оние кои прават кривично дело и законски измени за да може поефикасно и побрзо да се реагира и да имаат разрешница случаите – наместо предаторите да поминуваат неказнето.

Во однос на ова, министерот за внатрешни работи информираше дека во неговото министерство ќе се формира посебен сектор за подобра меѓуинституционална соработка и поефикасен ланец на комуникација помеѓу надлежните институции за брзо делување.

Ова е досега петти протест поради инертноста на институциите во случаи кога се бараат пријави за вознемирувачи, а со наслов „Држава што не постапува е држава што силува“.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ново сообраќајно решение во Дебар маало?

Дејан Дејан

АХВ нема надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборат

Дејан Дејан

Предлог од Општина Центар за затворање на Дебар Маало за возила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе