Вести Македонија Топ вести

Се вработуваат партиски, а не професионални војници, извисени припадниците на АРМ

Генерација 75- та, се 60 -тината војници кои обвинуваат дека се излажани и ивисени од Министерството за одбрана. Откако наполнија 45 години, наместо државата да ги вдоми во други институции сродни на нивната работа таа ги остави со минимална плата. Пред медиумите денеска ги покажаа последните белешки од земена плата како доказ за тоа со што преживуваат нивните семјства. Се заканија дека ќе продолжат да протестираат ако Министерката Радмила Шекеринска не најде решение за нивниот проблем.

Членот 40 A од законот за служба во армијата пропишал дека со навршување на 45 години професионалните војници ќе бидат превземени во други институции без јавен оглас. Државата ова мора да го стори најдоцна  шест месеци пред навршување на 45 години возраст на професионалните војници, а планот министерот е должен да го донесе најдоцна до 31 декември во тековната за наредната година. но цела година од 90 војници вработени се само 30 тина, а останатите шеесет чекаат и повеке од половина година. дури и следната генерација 76- та дошла на ред за вработување и веќе се вработува, но оние родени 75-та се изманипулирани.

Секретарот во министерството убедува дека ќе биде приоритетно да се вработат овие луѓе. Птенцира дека ниту еден професионален војник со наполнети 45 години нема да остане незгрижен, а неговиот статус нерешен.

Поранешните војници пак се сомневаат дека причината за тоа што не се вработени до сега е што преку ред се вработуваат партиски а не професинални војници.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ќе се следат цените и во јуни, ако продолжи поскапувањето, економија оди со мерки во јули

Дејан Дејан

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе