Вести Македонија

Во Тетово се ронат напуштени куќи, инспекторите чекаат дојава од граѓаните

Пред извесен период кровот на оваа напуштена куќа паднал, а опасноста од нејзино рушење се зголемува со секој нов дожд. Таа и уште неколку напуштени куќи лоцирани во стариот дел на Тетово, претставуваат опасност за минувачите. Жителите на населбата Два Бреста алармираат дека објектите се наоѓаат покрај патот кој секојдневно го користат и се плашат за сопствената, но и за безбедноста на нивните имоти.

Од Општина Тетово, пак, велат бидејќи се работи за приватен имот најпрво треба да добијат пријава од граѓани, за тогаш инспекциските служби да излезат на терен.

Со поголема институционална грижа стариот дел на градот со неговата автентичност може да придонесе за развој на туризмот. Музејот на тетовскиот крај врши евиденција и документација на архивите на традиционалното архитектонско наследство. Засега заштитени се само 6 од вкупно 130 евидентирани објекти.

И калдрмата како еден од специфичните белези на стариот дел на Тетово е оштетена. Жителите се уште чекаат и на реконстукција на улицата „Гоце Делчев“, која е во многу лоша состојба.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе