Македонија

Жени од Штип и Кочани на мета на измамнички – за гатање и растурање магии им одзеле златен накит

Две жени од Штип и Кочани пријавиле во полицијата дека биле измамени од гатачки.

Според информациите од СВР Штип, првата 50 – годишна жрвтва била измамена од две лица кои влегле во дворот на нејзината куќа. Тврделе дека знаат да гледаат и да и ја видат иднината. За таа цел, од женета одзеле златен накит. Оваа измама се случила пред два дена, на 3-ти март.

Вториот случај е пријавен дека се случил вчера во Кочани.

Цел на измамата на наводната гатачка била 66 годишна жена, која пријавила дека женско лице дошло во нејзината куќа и тврдела дека умее да растура магии.

За оваа окултна услуга, исто така бил потребен златен накит, кој наводната гатачка го одзела од жртвата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе