Македонија Топ вести

Малите партии поднесоа измени на изборниот законик

Малите партии о д власта и од опозицијата поднесоа измени на изборниот законик со кои се бара една изборна единица, да нема изборен праг и да се укине финансирањето на политичките партии. Очекуваат подршка од сдсм и од вмро дпмне, во спротивно предупредуваат дека во прашање ќе биде доведено функционирањето на парламентот .

20 пратеници од малите партии ги подржуваат законските измени и не сакаат повеќе да бидат приврзок на големите партии.Сметаат дека е крајно време за самостоен настап на изборите. Ја бараат подршката од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ.

Владејачката СДСМ  начално го подржува предлогот но инсистира на консензус.

ВМРО ДПМНЕ смета дека за измени во Изборниот законик треба да се разговара само во рамките на работните групи.Досега нема никаков напредок.  Алијанса на Албанците и Алтернатива реагираат на начинот на кој се водат преговорите за ова прашање.

Изборниот законик досега е менуван 35 пати. На неколку наврати беа формирани работни групи но компромис за изборниот модел не се постигна.Со децении  се гласа во 6 изборни единици со затворени листи, што ги исклучува шансите на помалите партии или независни кандидати .Отворените листи беа само декларативна заложба на партиите кои се на власт не почитувајќи ги долгогодишните препораки на ОБСЕ/ОДИХР .

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе