Македонија

Повторно проблеми со матичните броеви, Статистика бара одговорност

Откако вчера програмерите открија дека апликацијата за попис прифаќа и невалидни матични броеви, денеска нов проблем – не се прифаќаат ниту валидни. На фејсбук страницата на Државниот завод за статистика, постојано се поставуваат прашања за овие проблеми.

Одговорот на прашањата е – испратете мејл. Тие што испратиле, се жалат дека не добиваат одговор.

Од Државниот завод тврдат дека апликацијата не прифаќа броеви со сите нули, но и не прави никакви прилагодувања или обработка на податоците внесени од страна на лицата кои се самопопишуваат.

Пријавени се и случаи на добивање на верификацискиот код, но во спам. Ова, велат од Статистика, зависи од сетирањата на компјутерите или другите електронски уреди од кои се пристапува. Затоа советуваат дека е најдобро да се пристапи од компјутери или лаптопи.

Што се однесува до поплаките дека за пописот се информираат од медиумите во Македонија и дека никој таму  не ги известил дека ќе се спроведува ваква операција, велат дека Кампањата за информирање на иселеницете се одвива преку социјалните медиуми и веб-страницата Попис2021, како и преку дипломатско-конзуларните претставништа во странство.

Имаат отворено и две телефонски линии на кои граѓаните од странство можат да пријават проблем.

Досега се попишале  над 22 000 лица од дијаспората.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски со порака до Радев – докажете дека немате нови услови

Дејан Дејан

Управен ја отфрли тужбата на судијата Димовски

Дејан Дејан

Петти ден гори депонијата Шапкар кај Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе