Македонија Топ вести

МНР со реакција до Грција по воведувањето квоти за влез на нејзина територија

20 километарска колона од камиони. Ова не е границата меѓу Македонија и Грција откако грчката страна донесен одлука да пропушта само по 400 лица на ден, заедно со се професионлани возачи, но наскоро може да биде.

Со мерката Грција стана уште една европска земја кои не ги почитува препораките на Европската комисија за слободен проток на стоки и услуги во време на пандемијата со корона вирусот донесена уште во март минатата година.

Од македонското МНР за Телма информираат дека веднаш регирале на ваквата еднострана одлука од грчка страна.

„Министерството за надворешни работи реагираше веднаш, уште првиот ден, на сите нивоа: и во рамките на дневната комуникација на нашата амбасада во Атина, директно меѓу соодветните директорати при министерствата за надворешни работи, а и министерот Османи оствари директен контакт со министерот Дендијас на оваа тема” – соопштија од МНР.

Од Министерството за надворшни притоа информираат дека по реакцијата и контактите, првичната одлука на Грција да дозволи квота за премин на границата меѓу Северна Македонија и Грција од само 60 камиони или возачи на ден, била сменета и квотата на ограничување е зголемена неколкукратно на 400 лица, односно превозни средства, шлепери и цистерни.

„Со што ситуацијата, иако сѐ уште со значителни предизвици, е значително подобрена“, наведуваат од МНР.

Од таму дополнително наведуваат двете министерства одблиску ја следат состојбата во која се разгледуваат можностите за зголемување на квотата, штом тоа го дозволат условите, со оглед дека епидемиолошката состојба во Грција се усложнува, а заради што грчката Влада, како што информираат за Телма од МНР, вовела и дополнителни рестрикции внатре во државата.

Но освен макеоднското МНР на затворањето на границите на европските држави реагира и Европската комисија која денеска го повтори повикот до сите земји-членки да се придржуваат кон заеднички договорените мерки за ограничувањата што важат на границите во рамките на Европската унија.

Инаку одлуката на Грција доаѓа само две недели по слична одлука на Германија која вовед строга контрола на својата граница за влез од Чешка и покраината Тирол во Австрија, што содаде километарски колони, од кои некои се протегаа дури и до границата со Италија.

Освен Германија и Грција и Финска, Данска, Шведска, Унгарија и Белгија се на списокот на земји кои со воведување на строги контроли или забрани за влез на нивна територија како заштита од ширење на новите соеви на коронавирусот, не ја почитуваат препораката на Европската комсиија за системот на „зелена линија“ која требаше да овозможи непречен проток на стоките на заедничиот пазар на Европската унија.

Аргументот на Брисел е дека сите членки се согласиле да имаат координиран пристап во  привременото ограничување на слободата на движење во Европа.

Од таму Комисијата воведувањето на вакви граничните контроли го оцени како несразмерни и дискриминирачки.

Комисијата минатата недела испрати писма до Германија, Белгија, Унгарија, Данска, Финска и Шведска со загриженост за едностраните мерки на границите во врска со влезот и излезот од овие земји на кои тие треба да одговорат до понеделник.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски со порака до Радев – докажете дека немате нови услови

Дејан Дејан

Управен ја отфрли тужбата на судијата Димовски

Дејан Дејан

Петти ден гори депонијата Шапкар кај Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе