Ковид19 Топ вести

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 787 пациенти со Ковид-19

Вкупно 787 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во земјава и има околу 350 празни болнички кревети во ковид- центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 323 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 464 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 56 пациенти, во Прилеп 78, во ковид –  центарот во Гостивар 14, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациент, во Кочани седум, во Кичево шест, Кавадарци 52, во Гевгелија девет лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе