Детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2, според анализите што денеска ги направи МАНУ, на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар, информираат од Министерството за здравство.
Дополнуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет, кој, исто така, патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
