Вести Македонија Најважни

Османи ги советува Бугарите во земјава да побараат графа за попишување

Откако бугарските безбедносни служби добија налог од нивниот претседател да ги заштитат Бугарите во Македонија, масло на огнот за наводна обесправеност на Бугарите во земјава доли денешниот гаф на шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Првиот дипломат во обид да покаже колку се почитуваат правата на помалите етнички заедници во земјава, отиде во друга крајност и го посоветува граѓанските здруженија на Бугарите во Македонија да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективни права, со тоа имплицирајќи дека тие досега го немале тоа.

Османи дури и им посочи да побараат и нешто што го нема ниедна заедница во земјава, дури ни Македонската – посебна графа во пописниот прашалник.

„Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата“, напиша Османи на Фејсбук.

За графата одговор на Османи му стигна лично од директорот на Статистика.

„Нема потреба да бараат, има таква графа. Има се за што ќе се изјаснат“, изјави Симоски.

Телма побара и став од владата окоу соодветна графа за Бугарите на пописот од каде ни одговорија дека на пописот 2021, секој може да си избере на која етничка заедница припаѓа.

„Никому не му е ускратено тоа право. Во лизгачкото мени со внесување на првите три букви се појавува листа за избор на етничката припадност во која се опфатени сите според Обединетите Нации. Тоа се стандардни кодни листи што државите низ светот ги користат при спроведување попис“, стои во одговорот од Владата.

Но освен отворањето на прашањето за бројот и правата на Бугарите во земјава на политичко ниво, како што се приближува на датумот на изборите во Бугарија, но и пописот во Македонија, од зимски сон се разбудија и здруженија на македонските граѓани кои се декларираат како Бугари во земјава. Па така по речиси по две години хибернација на социјалните мрежи, Здружението за македонско – бугарско пријателство се активираше пред една недела за денеска да објави соопштение во кое речиси отворено бара оние македонски граѓани кои имаат бугарски пасош да се изјаснат за Бугари на пописот, во спротивно да им се одземе бугарското државјанство.

„Согласно Законот за Бугарско Државјанство од 1999 год. на лицето може да му се одземе истото, доколку се докаже дека во текот на постапката дало лажни податоци. На македонските граѓани кои деновиве се известени за такво нешто, а кои се наоѓаат надвор од Република Македонија,им препорачуваме да се обратат до Дипломатско конзуларните претставништва на Република Бугарија. Здружението „Македонско-Бугарско„ пријателство – МБП, на ниеден начин не може (дури и да сака) да влијае на таквите правни постапки“, наведуваат во соопштението од БМП.

Нивното барање уследи по барањето на Културниот центар „Иван Михајлов“, формиран лани, оние кои ќе се изјаснат за Бугари на пописот полесно да добијат бугарски пасош.

И на нивните барања одговор стигна од Статистика. Од таму велат дека тие не издаваат документ за тоа кој како се изјаснил на пописот.

„Ниту еден граѓанин не може, ниту кај нас, ниту било каде во светот, да добие било каков формулар како се изјаснил. Тоа останува тука, тоа се лични податоци, не смеат да се даваат јавно“, изјави Симоски.

Тајноста на ваквите податоци, дообјаснува Симовски, е правило што постои откако постојат пописи и важи за сите земји во светот.

Тамара Грнчароска

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

„Здрава котлина“: Одлуката на Вишиот Управен суд не значи автоматско отворање на рудникот Иловица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе