Вести Македонија Најважни

Британскиот сој корона вирус детектиран кај еден од сопружниците од Битола кои се вратиле од Занзибар

Британскиот сој на вирусот е откриен кај еден од сопружниците од Битола, кои пред пет дена се вратија од Занзибар, Африка позитивни на КОВИД 19, информираат од Министерството за здравство.

Анализите се направени во лабораторијата на МАНУ, каде утре треба да се испита и брисот на другиот пациент, по што ќе се знае дали и тој е заразен со британската мутација или евентуално од Африка во Македонија го донел  јужноафриканскиот сој.

Здравствените власти најавуваат задолжителен карантин за сите  кои доаѓаат од овие држави, а не се исклучува можноста за заострување на мерките.

  „Министерството за здравство ја информира јавноста дека Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. До овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот. Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на бирсеви на двајца пацинети ковид позитивни кои се вратиле од патување од Занзибар, се наведува во соопштението од Министерството за здравство

Едниот од сопружниците во тешка здравствена состојба пред два дена е префлен од Битола во струшката болница за нефрологија со актуно воспаление на бубрезите и од оваа  установа утре се до МАНУ ќе испратат  материјал за анализа на вирусот.

Неговата сопруга пак е на болничко лекување ГОБ  „8 Септември“ во Скопје.

-Пациентот од Битола  е донесен на 1 март,  во понеделникот во вечерните часови,  КОВИД- позитивен, тестиран во Битола. Во петокот се  вратил  од Африка, Занзибар или Танзација. Имаше висок креатинин, акутно бирежно оштетуваење, намалено мокрење, фисока уреа. Инаку пациентот сега  е стабилен, афебрилен, со добра сатуравија, се третира по сите протоколи, изолиран е, изјави Александар Попоски, директор на болницата за нефрологија во Струга

Двонеделните аранжмани  во Занзибар  агенциите ги нудат за  околу 1000 евра, а за патувањето не е потребен негативен тест на вирусот. Јужноафриканската мутација  ги напаѓа и оние кои го прележалe  стариот сој на КОВИД-19.

А во Прилеп пак, каде доминира британската мутација досега се регистрирани 8 случаи на реинфекција, од  кои 4 во последните три недели.

Од Центарот за јавно здравје уверуваат дека бројката не е голема поради што се уште нема доволно податоци за причините за реинфекција.

 „Причинате за реинфекција се претпоставува дека е затоа што   нема доволно антитела после прележаната инфекција, и секако најновите истражувања за кои сеуште нема потврда, дали имунитетот стекнат после првичната инфекција е доволна заштита и од новите мутирани соеви, велат од Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Сериозен проблем за епидемиолозите во Прилеп е криењето контакти, што  е уште една причина за ширење на заразата, покрај  непочитувањето на мерките и поголемата моќ на преносливост на британската мутација на вирусот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе