Вести Македонија Најважни

Ќе влезе ли во Македонија јужноафриканскиот сој на ковид 19, Битолчанец вратен од Занзибар со корона

Битолчанец се вратил од Занзибар со позитивен тест на корона вирус. Симптомите ги пројавил уште кога бил на одмор во Занзибар, Танзанија заедно со сопругата. Од понеделникот е хоспитализиран на нефролошкото одделение во Струга, бидејќи вредностите на бубрежните оштетувања му биле високи, додека неговата сопруга е хоспитализирана во Скопје. Дали 65-годишниот битолчанец го носи јужноафриканскиот сој ќе се чека од МАНУ, каде утре ќе се прави типизација, а резултатите се очекуваат за два дена. Пациентот засега е изолиран во посебна болничка соба, но докторите од струшката болница чекаат одговор од ГОБ 8-ми септември во Скопје дали ќе има место за пациентот да биде примен.

Во меѓувреме, агенциите и натаму нудат аранжмани од 11-дневно патување во Занзибар, Африка, дестинација која е многу барана. По цена од околу 1.000 евра, и за кое патување не треба негативен тест за вирусот.

Како што пишува „Фокус“ туристички агенции потврдуваат дека не е потребен негативен тест на вирусот за влез во Занзибар, ниту пак на враќање назад, за влез во Македонија. Се патува авионски преку Истанбул, и за таму не бил потребен тестот, бидејќи не се напуштал аеродромот додека се чека конекцијата.

Хрватските здравствени власти веќе потврдија дека имаат коронавирус од јужноафриканскиот сој благодарение на овие патувања во Африка. Две лица што се вратиле во Хрватска од патување во Занзибар уште по пат развиле тешки симптоми па веднаш биле тестирани, нивните материјали испратени на анализа и потврдено било дека се заразени со овој тип на коронавирус. Јужноафриканскиот сој го нарекуваат „панцир-вирус” зашто лесно може да ги совлада дури и оние кои веќе го прележале стариот сој на вирусот и прашање е дали вакцината штити од него.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе