Вести Македонија Топ вести

За три недели четири реинфекции на КОВИД 19 во Прилеп

Осум случаи на реинфекција со вирусот на КОВИД 19 се регистрирани од почетокот на пандемијата до денес во Прилеп, а четворица од повторно зарзените се во последните три недели откако доминира британската сој. Реинфицираните, ако првиот пат биле асимптоматски или со полесна клиничка слика сега имаат поизразени симптоми, но и обратно.   Од Центарот за јавно здравје во Прилеп сепак уверуваат дека оваа бројка не е голема и е во светски рамки, па  се уште нема доволно податоци околу манифестацијата на симптомите, ниту пак точно се знаат причините за реинфекција.

Причинате за реинфекција се претпоставува дека е затоа што   нема доволно антитела после прележаната инфекција, и секако најновите истражувања за кои сеуште нема потврда, дали имунитетот стекнат после првичната инфекција е доволна заштита и од новите мутирани соеви, велат од Центарот за јавно здравје во Прилеп.  

Прилеп, заедно со Кавадарци и Охрид е едно од трите жаришта на британската мутација на КОВИД-19,  па бројот на заразени и натаму драмтично расте. За една недела се регистриани 315 нови слуачи, а починале  10 лица. Болеста е во тек кај 658 прилепчани, што е најголем број на активни слуачи од градовите во внатрешноста. Потоа следата остантите жаришта на британскиот сој Кавдарци со 629 кативни и  Охрид со 438. Во останатите градови бројките се неколкукратно помали.

Зголемениот број на новозаболени во Прилеп се должи на доминантноста на британскиот сој кај новозаболените, кој е многу позаразен и  поради  непочитување на мерките за заштита. Еден од главните проблеми на епидемиолозите при анкетирањето е  криењето на контактите, а анкетираните од различни причини  не кажуваат дека присуствувале на критичниот настан и со кого биле во контакт, наведуваат од Центарот за јавно здравје

Се полни и  Прилепската болница, каде се хоспиталзирани 75 пациенти.  Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени во Прилеп  е речиси 5 и пол илјади,  а од вирусот починале 264 лица.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

„Здрава котлина“: Одлуката на Вишиот Управен суд не значи автоматско отворање на рудникот Иловица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе