Укинување на хартиените изводи од матичните служби, вмрежување на инспекторите во дигиталните бази, но прво расчитување со остатоците од минатиот режим. Најавувани повеќе од два месеци, владата ги претстави мерките од акцискиот план за спречување корупција. Почнува да тече рокот од 30 дена јавното обвинителство и ресорното минситерство да кажат колку луѓе, опрема и простории им се потребни за да се основаат истражните центри кои ќе имаат задача да ги забрзаат истрагите за криминал, а предметите од “фиоките“ да дочекаат разрешница.
7- мата точка во обемниот акциски план е конфискацијата на имот. Враќањето на парите од криминалот е заглавен во судовите, а точниот план како да заврти бројчаникот над Триумфалната капија ќе се знае по три месеци.
Премиерот Зоран Заев одново потенцираше дека се следи работата на јавните функционери, но и дека е запознаен со нивното однесување особено по последниот случај на заменикот директор на државна лотарија кој според полицијата неплаќал патерина со службеното возило.
Заев побара да се пријавува секое мито и еназкоанито работење на функионрите, а за таа цел во секоја институција ќе се вработи овластено лице кое ќе ги прибира забелешките од укажувачите. Планот е продукот на забелешките на антикорупциска, невладинито скетор но и меѓуанродните институции. Годината ќе биде антикорупцска.
Павле Беловски