Двајца осомничени се приведени за пукањето и нападот врз полицаецот во Ѓорче Петров, потврдија за Телма од полицијата.
Попладнево на кружен тек кај црквата во Ѓорче Петров беше полесно ранет полициски службеник, инаку син на поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи. Напаѓачите пукале од возило во движење, по што избегале. Осомничените се приведени во близина на Визбегово. Ранетиот имал прострелна рана на ногата, а отворената истрага треба да открие причини и мотиви за нападот.
Ранетиот полицаец според информации на Телма работел во полициската станица Карпош.
Од МВР за Телма претходно соопштија: Околу 16:40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во н.Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило „мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р.. Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош.
Застреланиот полицаец според информации на Телма е син на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, кој е вработен во МВР.
