Вести Македонија Најважни

Бројот на починати во 2020-та за двапати поголем од бројот на родени

Поразителни бројки објави Државна статистика за природниот прираст во земјава за последниот квартал од 2020 година, кога  бројот на починати е речиси 9500 и е двапати поголем  од бројот на родени. Во последните три месеци од минатата година, исто  така, има двојно повеќе починати од истиот период во 2019 И во останатите квартали од ланската година имало негативен природен прираст, но бројките се неколкукратно помали. Па така, во првиот квартал имало 910 повеќе починати од родени, во вториот 468, во третиот квартал 278 повеќе починати, а  последните три месеци од 2020,  бројот на починати е за 4530 поголем од бројот на родени.

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 4.8 % и изнесува 4 935 живородени деца. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 89.1.% во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 9 465 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња.Природниот прираст изнесува   -4 530 “, се наведува во соопштенето од Државниот завод за статистика. 

Најдраматична е сосотојбата во Пелагонискиот регион, посебно во Битола, општина каде  е регистриран најголемиот негативен природен прираст во државата, односно за само три месеци, октомври, ноемви и декември  починале 520 битолачни, или  359   повеќе отколку што се родиле.  Тоа е своевиден црн рекорд, иако градот  е секогаш на врвот на листата по големиот број починати од роден.

По Битола,  најголем негативен приороден прираст во државата има во Прилеп. Таму во последното тримесечје од 2020  починале 473 лица, а се родиле 142 бебиња и градот за овој период има негативен приорден прираст од 331.

Потоа следат  Велес, Гостивар и Куманово со висок   негативен природен прираст во последниот квартал  каде бројот на починати е за 200 поголем од бројот на новородени. Со негативен природен прираст  се соочуваат сите општини во државата , освен 7 -Сарај, Шуто Оризари, Арачиново, Липково, Сопиште, Студеничани и Чашка каде има повеќе родени од починати лиц

Во последниот квартал од лани  за  околу 20 проценти намален е бројот на склучени бракови во државата, но за исто толку намален е и бројот на разводи.

Емилија Мисирлиевски

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе