Македонија

Обвинителството бара притвор за двајца демонстранти кои учествувале во инцидентите на протестот против пресудата за Монструм

Скопското  обвинителство Скопје бара притвор за двајца од демонстрантите на вчерашните протести против пресудата за случајот Монструм.

По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените, на возраст од 22 и 19 години,  и повеќе други лица започнале да фрлаат  камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, кон полицијата, во обид да го пробијат полицискиот кордон.

Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени се и 11 полицајци.

Обвинителството побара притвор за двајцата осомничени поради опасност од бегство или можност да го повторат делото.

Од обвинителството велат дека откако министерството за внатрешни, ќе ги комплетира кривичните пријави и за други лица кои биле насилни за време на протестот, обвинителството скопје и за нив ќе поведе кривична постапка.

Сега, двајцата осомничени се гонат за учество во толпа која ќе изврши кривично дело.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе