Во Гостивар е предадена е во употреба модуларната ковид болница, една од шеснаесетте кои се поставуваат во земјава. Таа е со капацитет од 35 кревети и се наоѓа во близина на инфективното одделение на гостиварската општа болница и целосно е опремен.
На предавањето во употреба беше и првиот човек на македонското здравство Венко Филипче, кој новоизградениот објект го нарече мини инфективна клиника. Во него во прво време ќе работат вработените од инфективното одделение, а ќе се засили и со персонал по системот на ротација.
– Наскоро ќе се инсталира и најсовремен дигитален рентгне апарат и ехо-апарат со сите сонди, кои се неопходни за прецизна дијагностика. Со инсталираната опрема ова ќе биде мини инфективна клиника за третман на паценти со ковид19, а во некои други времиња може да се користи и како модерен тријажен центар или помал ургентен центар, рече Филипче.
По поведувањето на иницијатива за изградба на модуларни болници, досега се завршени објектите во Гостивар, Кичево, Струга, Гевгелија, Струмица, Охрид, Штип, а останатите се во завршна фаза на изградба.
