Полицијата го растури протестот против пресудата за случајот “Монструм”, откако припадниците на безбедносните сили беа нападнати од дел од толпата.
Камења и бројни други предмети летаа кон полицајците, кои во кордон и со оклопни возила ги потиснаа демонстрантите кон Бит Пазар. Употребени биле и шок бомби.
Претходно, демонстрантите беа запрени од полициските блокади кај Мавровка и не беа во можност да продолжат кон судот и зградата на владата, каде исто така сакаа да протестираат.
Неофицијално, во судирите има повредени полицајци.
На удар на бесот на демонстрантите се најдоа и новинарите, при што била нападната новинарската екипа на МИА.