Македонија

РЕК Битола ги надминува емисиите на прашина и сулфурен диоксид

Двата оџаци на најголемиот производител на електрична енергија во државата, РЕК Битола ги надминуваат емисиите на прашина и сулфурен диоксид, се наведува во извештајот на Државниот инспекторат за животна средина.

Во последните 6 месеци нема пречекорување на дозволените концентрации на ПМ  честичките,  ниту на сулфур и азот диоксидот  на мерните станици во околината на комбинатот.

Но, има големо загадување од  двата оџаци, каде емисиите на штетни супстанци се неколкукратно повисоки од дозволените.

Поради непочитувањето на Договорот со Енергетската заедница, земјава, најверојатно годинава ќе плаќа казни, наместо навреме да ги направи потребните инвестиции, пишуваат инспекторите во извештајот.

„За намалување на емисиите на сулфур диоксид потребни се околу 180 милиони евра што не се обезбедени, ниту е познат изворот на финансирање. Високите концентрации на оваа загадувачка супстанција, во вид на кисели дождови, предизвикуваат закиселување на почвата и водите, намалување на биодиверзитетот и загрозување на здравјето на населението, и тоа на огромна оддалеченост од изворот на емисиите, се наведува во извештајот на Државниот инспекторат за животна средина

Загадувањето делумно ќе се намали  со  гасификација на првиот блок, но ако другите два блока продолжат да користат јаглен и мазут како гориво, потребни се итни  инвестиции за  десулфуризација.

За намалување на емисиите на прашина во тек е  јавна набавка за реконструкција на филтрите, пишуваат во извештајот инспекторите и констатираат  дека комбинатот се уште  нема еколошка дозвола.

Од РЕК Битола  велат дека за разлика од претходно, последните неколку години забрзано се имплементираат  еколошки процеси за прилагодување на производството на европските стандарди

Непокриените површини на одлагалиштето за пепел во РЕК Битола  се сведени на минимум,  воведено е водено отпепелување, направени се капитални ремонти на сите три блока, а со тоа се намалуваат емисиите. Во 2019 поднесено е барањето до Министерството за животна средина за добивање А интегрирана еколошка дозвола, се наведува во соопштението од РЕК Битола

Додаваат дека во наредните години ќе се спроведе реконструкција на филтрите, а се бараат средства за скапиот процес на   десулфуризација.

Од Инспекторатот  велат  дека откако комбинатот ќе ја добие  дозволата  инспекторите ќе обезбедат навремено спроведување на утврдените мерки за намалување на загадувањето , а непочитувањето ќе биде сооветно санкционирано.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тетово продолжува да се гуши во сообраќајниот  хаос

Дејан Дејан

Пациентите на Онкологија се соочуваат со недостиг на таблетарна хормонска терапија

Дејан Дејан

На туѓо име матичен гинеколог правел бесплатен ПАП тест- сведоштво за Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе