Македонија

Извештајот до УНЕСКО ќе патува во пакет со нов хотел во комплексот Парк

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, без конкретен одговор, како изградбата на хотел на само десет метри од Охридското езеро ќе допринесе да се зачува статусот на УНЕСКО.

Со политички одговор објасни дека се во постојана координација со локалната власт и дека очекувано со сите сили се борат да го зачуваат стстусот на регионот.

А расчистувањето на теренот каде ќе никне хотел на површина од 4.500 метри квадратни се врши во исто време додека во Владата се преведува извештајот за сработеното за заштита на Охридскиот регион кој треба да биде испратен до УНЕСКО.

Охридскиот градоначалник вчера потврди. Хотел на три ката ќе има на локацијата веднаш до брегот.

Традиционално нему му се вразни рацете а урбанистичкиот палн и дозволата била дадена од неговите претходници.

Според податоците од катастарот таму ќе гради сопственикот на хотелот Инекс Олгица со градежни партнери од Скопје.

Дека нешто се подгтовува на самиот брег први алармираа невладините од Охрид СОС.

„Очекуваме притисок од јавноста, реакции, притисок од медиумите, да се истражи што навистина се случува. Дали некој е привилегиран, над законот, или важат за нив специјални услови, кои се во спротивност со наводните заложби на македонските институции за исполнување на препораките на УНЕСКО? – велат од Охрид СОС.

Отсуството на одговорност но и на конкрертни чекори на теренот се причината поради која е се поизвесно дека по четириесет години Охрид ќе го загуби статусот и ќе влезе во категоријата на светско културно наследство во опасност.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тетово продолжува да се гуши во сообраќајниот  хаос

Дејан Дејан

Пациентите на Онкологија се соочуваат со недостиг на таблетарна хормонска терапија

Дејан Дејан

На туѓо име матичен гинеколог правел бесплатен ПАП тест- сведоштво за Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе