Македонија

Локални избори на 3-ти или на 17-ти октомври

„Локални избори се одржуваат секоја четврта година во првата половина на октомври“.

Оваа одредба од Изборниот законик значи дека можни термини за избор на градоначалници и советници се 3-ти или 17-ти октомври, додека 10-ти се смета за непогоден бидејќи е празничен викенд, објаснува спикерот Талат Џафери.

Во зависност од договорот на партиите за некој од овие неделни термини, или можеби за избори во работен ден, тој ќе ги распише локалните избори најрано на 5-ти јули а најдоцна на први август.

Доколку се прифати барањето на опозицијата на истиот ден да се одржат и предвремени парламентарни избори, ќе значи: две посебни решенија и различни роковници на ДИК, но и техничка Влада уште од јуни, а пред се – мнозинство за распуштање на Собранието, за што нема никаква најава, вели Џафери.

Извесно е дека ова е изборна година, но останува неизвесно гласањето со фингерпринт. Тоа не е само барање на опозицијата, туку и законска обврска, за која Владата обезбеди 300 милиони денари, колку што ќе чини таа нова опрема. Но, минатата недела, првите луѓе на МВР и на ДИК утврдија дека за трансфер на базата со отпечатоци од МВР во избирачките списоци и проверка на идентитетот на гласачите на самото избирачко место, неопходно е менување на законот.

Тоа би требало да оди паралелно со вградувањето на забелешките од ОБСЕ-ОДИХР во Изборниот законик. Но, работната група на Министерството за правда, составена од партии, експерти и институции, се уште не одржала ниту една средба.

Без законска основа, велат во ДИК, не може да почне било каква постапка ниту да се распише тендер за хардвер, софтвер или терминали за увид во отпечатоците на гласачите.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе