Македонија Најважни

Никој не го оспорува домашниот притвор на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков

Никој не го оспорува домашниот притвор на екс директорот на Тајната полиција Сашо Мијалков. Во координација со него и адвокатите денеска ја повлекоа жалбата на домашниот притвор која претходно ја имаа испратено до кривичниот суд. Откако пред да се појави исчезнатиот Мијалков и обвинителството се откажа од жалба, сега само се очекува домашниот притвор да стане правосилен без да оди на повисокиот апелационен суд.

Денеска претседателот на кривичниот суд каде се водеше целата постапка Иван Џолев вели дека не се мешал во работата на обвинителствто и покрај тоа што токму обвинителката Вилма Русковска во изјава го посочи дека тој замолил да биде повлечена жалбата.

Ова според извори на телма се случило на средбата во понеделникот во Влада каде беа повикани преставници на судската и извршната власт да реферираат за тоа како е дозволено Мијалков да побегне. Повлекувањето на жалбата во време кога Мијалков беше недостапен било логично и за обвинителството па Државниот обвинител потпишал повлекување.

Според Џолев судот сторил се и тоа експресно во најкус можен рок од три и пол часови во недела ја донел одлуката за домашниот притвор.

Денеска пак не одговори конкретно дали додека траеше кризната состојба комуницирал со луге од владата.

Денеска на состанок со блупринт групата за реформите во правосудството Минисетрот за правда Бојан Маричиќ ја искористи ситуацијата да каже дека е горд што бегството на Мијалков завршило со позитивен епилог.

 “Морам да истакнам дека сум исклучително задоволен и горд што настанот имаше свој позитивен епилог, и добро е што посебен обвинител, назначен од државниот јавен обвинител, ќе испита дали, кој и во кој дел потфрлил во однос на наводите дека одредено лице се подготвува за бегство” – вели министерот за правда, Бојан Маричиќ”.

Пресудата за случајот Таргет Тврдина каде е обвинет и екс началникот на УБК е утре. Од обвинителството нема одговори дали утре по изрекувањето ќе биде побаран притвор доколку Мијалков добие затворска казна.

Во меѓувреме тој е во својот дом на Водно, чуван од 20 тина полицајци, откако претходно и покрај тоа што бил следен успеал да ја пробие информацијата за тоа дека му се спрема притвор и да исчезне.

Го немаше повеке од 36 часови, по што се појави и кажа дека се изолирал поради корона симптоми а не бегал. Каде? – остана мистерија.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тетово продолжува да се гуши во сообраќајниот  хаос

Дејан Дејан

Пациентите на Онкологија се соочуваат со недостиг на таблетарна хормонска терапија

Дејан Дејан

Иран го започна петтиот бран на воздушни напади врз Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе