Македонија

ДИЖС го задолжи РЕК Битола да ја контролира прашината од депонијата и соодветно да го складира опасниот отпад

Двата оџаци на најголемиот производител на електрична енергија во државата, РЕК Битола ги надминуваат емисиите на прашина и сулфурен диоксид. Надминати се и граничните вредности, но и максималните вкупни емисии, се наведува во извештајот на Државниот инспекторат за животна средина направен при инспекцискиот надзор пред два дена. Нема пречекорување на дозволените концентрации на ПМ 10 и 2,5 честичките на мерните станици во околината на комбинатот, ниту отстапување на сулфур и азот диоксид во последните 6 меесеци на овие мерни станици, наведуваат инспекторите во извштајот.

Но, отстапувањето е големо од емисиите на двата оџаци. Па, така во 2018 година имало 3,4  пати поголеми емисии, а во  во 2019 лимитот на сулфур диоксид е надминат 6,8 пати. И емисиите на прашина во овие две години  биле за двапати над дозволените вредности.  Заради непочитувањето на Договорот со Енергетската заедница земјата, најверојатно годинава ќе плаќа казни, наместо навреме да ги направи потребните инвестиции, наведуваат инспекторите во извештајот

За намалување на емисиите на сулфур диоксид потребни се околу 180 милиони евра што не се обезбедени, ниту е познат изворот на финансирање. Сулфур диоксидот е гас што може да реагира со влажноста во воздухот формирајќи сулфурна киселина.Високите концентрации на оваа загадувачка супстанција, во вид на кисели дождови, предизвикуваат закиселување на почвата и водите, намалување на биодиверзитетот и загрозување на здравјето на населението, и тоа на огромна оддалеченост од изворот на емисиите, се наведува во извештајот на Државниот инспекторат за животна средина ТЕЛОП

Од Инспекотратот набедуваат дека емисиите на сулфур диоксид делумно ќе се намалат со гасификација на првиот блок, но доколку другите два блока продолжат да користат јаглен и мазут како гориво, неопходно е итно да се започне со инвестирање во десулфуризација. За намалување на емисиите на прашина во тек е спроведување на јавна набавка за реконструкција на филтрите, пишува во извештајот.

По извршениот надзор инспекторите го задолжуваат РЕК континуирано да ја контролира прашината што се јавува од депонијата за пепел од филтрите, соодветно да го складира опасниот отпад. РЕК Битола нема интегрирана еколошка дозвола, иако рокот за нејзино добивање е истечен во 2019 година. Од Инспекторатот за животна средина наведуваат дека откако комбинатот ќе ја добие оваа дозвола инспекторите ќе обезбедат навремено спроведување на утврдените мерки за намалување на загадувањето, а непочитувањето на утврдените рокови ќе биде сооветно санкционирано.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тетово продолжува да се гуши во сообраќајниот  хаос

Дејан Дејан

Пациентите на Онкологија се соочуваат со недостиг на таблетарна хормонска терапија

Дејан Дејан

На туѓо име матичен гинеколог правел бесплатен ПАП тест- сведоштво за Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе