Македонија

ДИЖС го задолжи РЕК Битола да ја контролира прашината од депонијата за пепел од филтрите и соодветно да го складира опасниот отпад

По последниот извршен надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во РЕК Битола, овој комбинат се задолжи континуирано да ја контролира прашината што се јавува од депонијата за пепел од филтрите, соодветно да го складира и обележува опасниот отпад, како и да ја заврши изведбата на платото за складирање на искористена амбажажа од отпадни масла.

Откако РЕК Битола ќе ја добие дозволата за усогласување со оперативен план, како што соопшти ДИЖС, инспекторите ќе обезбедат навремено спроведување на утврдените мерки за намалување на загадувањето. Непочитувањето на утврдените рокови ќе биде сооветно санкционирано.

Не се регистрирани отстапувања од дозволените концентрации за ПМ 10 и ПМ 2,5 сулфур диоксид и азот диоксид во последните шест месеци при извршен увид на три станици (во селата Дедебалци, Гнеотино и Рибарци), покажа надзорот на Инспекторатот извршен на 23 февруари. Но, како што соопшти Инспекторатот, емисиите на прашина и сулфурен диоксид што се мерат на двата оџаци ги надминуваат граничните вредности, а надминати се и максималните вкупни емисии што се утврдени со Националниот план за намалување на емисиите кој произлегува од Договорот со Енергетската заедница.

Од Инспекторатот појаснуваат дека наместо во 2018 година да се постигнат 15,855 тони сулфур диоксид, реалните емисии биле 53,855 тони, или надминувањето на максималната утврдена вредност изнесувало 3.40 пати. Во 2019 година лимитот од 15,855 тони сулфур диоксид е надминат 6.81 пат, а емисиите изнесувале 108,033 тони. Во 2018 година лимитот на емисии на прашина од 1,738 тони е надминат 2.06 пати, а во 2019 година истиот е надминат 2.17 пати. Истакнуваат дека заради непочитувањето на Договорот со Енергетската заедница земјата најверојатно годинава ќе плаќа казни, наместо навреме да ги направи потребните инвестиции.

За намалување на емисиите на сулфур диоксид (преку десулфуризација или друга соодветна метода), посочуваат, потребни се околу 180 милиони евра што, како што велат, не се обезбедени, ниту е познат изворот на финансирање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тетово продолжува да се гуши во сообраќајниот  хаос

Дејан Дејан

Пациентите на Онкологија се соочуваат со недостиг на таблетарна хормонска терапија

Дејан Дејан

На туѓо име матичен гинеколог правел бесплатен ПАП тест- сведоштво за Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе