Ковид19 Македонија Топ вести

Владата го одобри договорот за набавка на руските вакцини

Владата вчера ме овласти да го потпишам договорот за набавка на вакцини од Русија. Имавме затворена седница. Договорот е практично по истиот принцип како што беа и останатите договори. Станува збор за количина од 100 илјади дози, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека веќе интензивно уште во текот на вчерашниот ден во попладневните часови преку претставници на Руската амбасада се обидуваат да добијат поточни и поконкретни информации во однос на тоа кога би пристигнале вакцините во земјава.

Посочи дека и денеска ќе продолжи комуникацијата со претставниците на компаниите „Синофарм“ и „Фајзер“.

Искрено се надевам дека во следните денови ќе ги имаме и конкретните датуми засега остануваме во интензивните разговори со претставници на двете компании, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката Букурешт по повод донација од Стопанска банка за Здравствениот дом во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Познатиот шпански шеф ЛУИС АРУФАТ подготвуваше шпански специјалитети со кочански ориз

Дејан Дејан

Косовски државјанин е уапсен на граница со поголема количина брендирана облека

Дејан Дејан

Почина поранешниот амбасадор и политички аналитичар Арсим Зеколи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе