Останато Спорт

Четврта победа по ред за Одермат во Вал д’Изер

Марко Одермат стигна до втората сезонска победа во Светскиот куп во Алпско скијање откако денеска беше најбрз на велеслаломската трка во Вал д’Изер. Интересно тоа беше четврти триумф по ред за Швајцарецот во францускиот ски-центар.

Одермат денеска по двете возења оствари вкупно време од 2 минути, 11 секунди и 66 стотинки. Зад Швајцарецот финишираа двајца Австријци, кои имаа одлична втора трка Патрик Форштајн за кого ова беше прв подиум во кариерата и Штефан Бренштајнер.

Денешниот победник Одермат е втор во генералниот поредок во Светскиот куп со 280 бодови, десет помалку од лидерот Хенрик Кристоферсен, кој пак е прв во велеслалом со 170 бодови, пред Жан Крањец од Словенија, кој има 132. Утре во Вал Дизер се вози слалом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе