Ковид кризата, но и индиции за нерегуларности од претходните години, се причини за доцнењето на објавувањето на резултатите од годишните конкурси за оваа година, рече министерката за култура Ирена Стефоска, презентирајќи ги тие резултати денеска. Поради нерегуларностите, распределбата на сретставата за одобрените проекти од национален интерес ќе биде за 3 милиони евра пократка и ќе изнесува 11 милиони евра. Според министерката, откако надлежните институции ќе ги завршат финансиските ревизии и достават извештаи до Владата, ќе започнат иплатите за реализираните проекти од лани , на корисниците за кои ќе се утврди законска основа. А, за одобрените проекти за 2021 година, процедурите за исплата ќе одат побргу.
Имајќи предвид дека малку задоцнивме , организирана е целата работа многу побргу да се склучат договорите со корисниците и да се изготват решенијата. Максимални напори се вложени овие месеци , да се направат процедури и упатства за работа во министерството и во однос на следење и на реализација на проектите, вели министерката Стефоска.
Меѓу 6352 обработени апликации , имало копи пејст проекти, барања за многу високи суми, некомплетни документи и проекти кои не можат да се реализираат во услови на ковид кризата. Но, се пријавувале и апликанти кои самите си конкурирале.
Еднаш се појавуваат како автори, друг пат како уредници, трет пат како консултанти, четврт пат- учесници во манифестација, петти пат како членови на жири комисии, шести пат – во групен проект. Едноставно кажано, исти лица си конкурираат самите на себе. И така конкурсот ја изгубил смислата на натпревар, вели стефоска.
Тенденцијата била годинава да се подржат квалитетни, релевантни проекти од јавно значење, а не да се задржи стариот принцип – за секого по малку. Подржани се различни етнички заедници, младите автори, маргиналните групи, а трудот на авторите е реално вреднуван, потенцира министерката. Таа не криеше дека и самата, но и членовите на комисиите, за чие составување се конкустирала со релевантни имиња, биле изложени на притисоци. Но, како што рече, не попуштиле.
Сотир Трајков