Вести Македонија

Попишување со калјачи, маски и заштитни мантили

Сите попишувачи ќе задолжат маски, мантили, очила, калјачи и дезинфекциски средства. Здравствениоте протоколи, утврдени од Заводот за статистика и Комисијата за заразни болести точно предвидуваат како ќе изгледа попишувањето од здравствено-безбедносен аспект.

Попишувачот мора да носи маска КН-95. Веднаш треба да стави на нозете калјачи и да ги дезинфицира рацете. За да се избегне контакт со болни и изолирани граѓани, податоците, по можност, ќе бидат побарани од здрав член на семејството. Анкетата поврзана со имотот ќе трае максимум 15 минути, а со секој член на домаќинството поединечно – најмногу 5 минути. Престојот се сведува на минимум и никој не смее да извади маска, што значи – забрането е пиење кафе, вода или освежителни пијалоци, јадење и пушење цигари и тутун. Одржувањето дистанца е задолжително.

Иако би било добро попишувачите да се стават во приоритетна група за вакцинирање, велат од Заводот за статистика, тоа ќе биде тешко изводливо од временски аспект.  Попишувачите ќе бидат бирани дури наредната недела, откако ќе заврши пријавувањето на огласот објавен вчера. За ден и пол, пријавени се 2 илјади 300 кандидати, речиси половина од потребните 5 илјади.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека до крајот на неделата очекуваат потписи за поништување на Законот за попис од 100 илјади граѓани и дека ова е соодветна реакција за еден хибриден режим.

Пописот почнува во понеделник. 30-тина вработени во Статистика ќе ги попишуваат вработените во Армијата и во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, како и затворените и бездомните лица. Почнува и самопопишувањето на македонските државјани на привремена работа или престој во странство преку посебна веб апликација.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе