Македонија

Опозициските партии од албанскиот блок бараат одговорност од целата влада за случајот со Мијалков

Замајување на јавноста и ефтин политички театар од чиј епилог мора да сноси одговорност целата влада. Вака партиите од албанскиот опозициски блок го оценија вчерашниот ден околу случувањата со бегството на Сашо Мијалков. Интерпелацијата за работата на министерот Оливер Спасовски веќе е поднесена а ќе подржат и гласање за доверба на Владата.

Села и Гаши реагираат и на пресудата за случајот ,,Монструм,  за кој тврдат дека е политички монтирана. Бараат одговорност од Премиерот Заев и го повикуваат да ја каже вистината. Деновиве ќе испратат писмо до ЕУ и од која ќе побараат да се вклучи во ревизија на целиот случај.

Во тек се и преговори за  ново парламнетрано мнозинство за кое се убедени дека ќе се формира во најскоро време затоа што имало сигнали од повеќе помали политички партии дека ќе им се приклучат затоа што не биле задоволни од актуелната власт.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе