Вести Македонија

Се бараат попишувачи за Пописот 2021

Неколку стотини граѓани ја пополниле пријавата за попишувач или реонски инструктор уште во првите неколку часа од објавувањето. Главен услов е да бидат невработени и да завршиле средно школо. Од пријавените, Заводот за статистика ќе одбере 5 илјади 55 попишувачи и 506 реонски инструктори, кои наредниот месец ќе бидат обучени за пополнување на апликацијата за попис. Ќе ги обучуваат 150 државни инструктори, кои први ќе поминат низ обука наредната недела. Од Статистика велат дека би било добро сите да добијат и вакцини.

До крајот на оваа недела ќе бидат утврдени здравствените протоколи. Добро би било сите инструктори и попишувачи да бидат во приоритетната група за вакцинирање. Тоа нема да биде задолжително, не знаеме ни кога ќе стигнат вакцините и дали ќе има време за вакцинирање во две дози, но добро би било да имаат предност.

Со здравствените власти е утврдено дека попишувачите ќе добијат маски и друга заштитна опрема, а кај болните и кај лицата во изолација ќе влегуваат со мантили и визири, според безбедносните протоколи.

Посетата на домаќинствата во земјава ќе се спроведува од 1-ви до 21-ви април. Од 1-ви март до крајот на пописот, преку посебна апликација ќе можат да се самопопишуваат македонските државјани на привремена работа или престој во странство. Од понеделник, 30-тина вработени во Статистика, ќе почнат со попис на вработените во Армијата и во Дипломатско-конзуларните претставништва и на нивните семејства, како и на затворените, притворените и бездомните лица.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе