Вести Македонија Топ вести

Поднесена интерпелација за Спасовски, ќе се бара и недоверба на влада

Пратениците да се изјаснат дали се за апсење на Мијалков или го поддржуваат неговото бегство, бараат од Алтернатива и Алијанса за Албанците, кои  поднесоа интерпелација за министерот Оливер Спасовски во Собранието.  Причина е бегството на Мијалков, за кое се убедени дека е поддржано од власта. Бараат и од претседателот на Собранието итно да свика седница со оваа точка.

За ВМРО ДПМНЕ не е доволна оставка од Спасовски. Најавија дека ќе бараат гласање на доверба на владата. Бараат  формирање на експертска влада до локалните избори кога би се одржале и вонредни парламентарни избори.

Одговорност од сите кои намерно, ненамерно или од незнаење направиле пропуст или можеби свесно му овозможиле на Мијалков да избега, побара и коалициониот партнер во власта, Павле Трајанов.Потсетува дека, најголемата одговорност за нефункционирањето на системот и на безбедносните структури ја има владата.  Доколку има основа за политичка одговорност, таа треба да се понесе, а тој лично  ќе стои зад тоа, без оглед за кого се работи и на која позиција е во моментов.

Од ДУИ не сакаа да коментираат за случајот. Им оставаат простор на институциите да им дадат одговор на граѓаните.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе