Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британскиот сој на ковид коси во Прилеп, заразените ги кријат контактите

/

Македонија

Сподели преку :

Ако британскиот сој на КОВИД-19  влезе во едно семејство,  тогаш 80 проценти од домашните се позитивни на вирусот, велат епидемиолозите од Прилеп, каде бројот на новозаболени     и  натаму е во драматичен пораст.   Само во изминатата недела  регистрирани се    270  случаи  , а 11 лица починале од компликации на вирусот. Градот има највисока 7 дневна инцидeнца, а бројот на новозаболени е зголемен  за 40 проценти, за разлика од Охрид и Квадарци каде има блага стагнација, велат епидемиолозите.

–Британската мутација  на вирусот е многу позаразна, многу полесно се шири и има една карактеристика за разлика од претходниот сој на вирусот, ако еден член од семејството е позитивен на вирусот тогаш  буквално 80 проценти од останатите членови на семесјството за краток временски период развиваат симптоми и се позитивни на тестирањето за присуство на вирусот . Вториот битен елемент и факт е опуштањето на населението. Сведоци сме дека не се почитуваат препорачаните мерки, вели д-р Горан Кузески, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Прилеп

Освен непочитувањето на мерките, дополнителен проблем на епидемиолозите им создава и криењето на контактите,  што е уште една причина за масовно ширење на вирусот во Прилеп

-Другиот реален проблем со кој се соочуваме при правењето на епидемиолошките анкети и анализи е криењето на  контакти. Ако   изминатата недела во Прилеп се регистрирани 267 слуачи, во изолација има 260 контакти на овие позитивни слуачи, што доаѓа 1:1 во просек. Тоа е  голем проблем, затоа што позитвните лица ги кријат контактите, вели д-р Кузески.

Во прилепската болница вкупно се  хоспитлазирани  59 пациенти, 40 од нив, или 70 проценти,   се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Поради потребата од болничко лекување, се прошируваат капацитетите, па освен  Инфективното, во КОВИД центри  повторно се адаптираат и другите оддели. Епидемиолозите велат дека трендот на забрзан  раст на бројот на новозаболени во Прилеп  ќе продолжи и во наредните неколку недели.

Емилија Мисирлиевски

Jumbo 2