Ковид19 Македонија Топ вести

Разрешен секретарот на Охридската болница заради вакцина преку ред

Вчера директорот на Охридската болница призна дека згрешил затоа што ставил потпис на список за вакцинација кој разоткри пропуст на менаџментот. Денес истиот директор го разреши секретарот во неговата болница, затоа што се вакцинирал преку ред.

Причината е добро позната на јавноста, организациониот секретар кој е правник по професија се нашол на приоритетниот список со здравствени работници кои секојдневно работат со Ковид-позитивни.

Тие заедно, пред неколку дена ја примија и првата доза од вакцината на „Фајзер“ во скопската модуларна болница.

Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на Ковид имунизација. Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација – не смее да се вакцинира, соопштуваат од министертвото.

Иако министерот за здравство најави ревидирање на листите на вакцинирани досега, се уште останува непознато дали е евидентирана злоупотреба при процесот на вакцинирање и на други места освен во овој случај.

Разрешувањето на секретарот од Охридската болница следи по изјавата на директорот на установата дека секретарот сепак е вклучен во сите активности поврзани со Корона вирусот и дека лицето се пријавило за вакцинирање откако од списоците отпаднале неколку здравствени работници поради тоа што имале антитела или биле позитивни.

Иако веќе призна пропуст во списокот, директорот сепак останува на својата позиција.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Никлеарните капацитети не смеат да бидат мета на напади, предупреди Меѓународната агенција за атомска енергија

Дејан Дејан

Шест ирански нуклеарни научници меѓу загинатите во израелскиот напад

Дејан Дејан

Израел ги пресретна сите 100 ирански беспилотни летала

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе