Македонија Најважни

Дали некој му јавил на Мијалков дека му се спрема притвор?

 

Според извори на Телма од МВР и Обвинителството  , во Саботата на 20 ти Февруари Обвинителството добило белешка од МВР дека има сознанија оти е можно бегство на Мијалков. Во службената белешка која ја изработила полицијата е наведено дека постојат информации за евентуално бегство на Мијалков кој во петок на 26 Февруари треба да ја чуе пресудата за предметот Таргет Тврдина –за прислучкувањето и уништувањето на опремата.

Во Недела наутро Обвинителите се состанале за да разговараат за одредување на мерка притвор. Тие околу 12.30 часот побарале од Кривичниот Суд дополнителни податоци кои им се потребни во врска со одредување на притворот. Во 14.30 тие упатуваат барање до Кривичниот суд , да му одреди мерка притвор на Мијалков. Во 14 часот Мијалков е во кафулето ,,Дистрикт“  во рамките на хотелот ,,Мериот,, со Ивица Коневски. Во 14.30 тој излегува од хотелот и потоа не е виден.  Во судот се состанува Кривичниот совет кој попладнето носи одлука не за притвор во Истражниот затвор Скопје туку му одредува куќен притвор. ПОлицијата го бара Мијалков но тој не е ниту дома ниту во Мериот. Случајно или не, се поклопува времето кога барањето за притвор стасува до судот и времето на исчезнување на Мијалков.

Повеќе детали од Миомир Серафиновиќ. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе