Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Средните училишта ги добија насоките за полагање на државната матура

/

Македонија

Сподели преку :

Средните училиштата веќе ги добија насоките за изменетиот концепт за полагање на државната матура.

Концептот за полагање државна матура опфаќа два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и тие формално ќе бидат интегрирани во новиот формат на пријавите.  Од утре  Државниот испитен центар ќе ги  објави новите пријави за предметите, во кои што ќе бидат вклучени и можностите за промени.

  • До 24 март ќе бидат направени измените и во Концепцијата за државна матура, училишна матура и завршен испит во јавните средни училишта, како и во  Календарот за организација на активностите. Почитувајќи го правото  на повторен избор на предметите, согласно Концепцијата, најдоцна до 5 март,  матурантите ќе имаат можност да направат  промени  на предметите и да ги исполнат законските обврски за полагање во јунската испитна сесија,велат од Државниот испитен центар.

Незадоволни од моделот за полагање државна матура кој предвидуваше полагање 4 испити, а не 2, како што бараа, матурантите предводени од Сојузот на средношколци ја бојкотираа наставата од првиот ден на второто полугодие, минатиот месец. По разговорите со претставници од Владата и премиерот Заев, минатата недела беше постигнато компромисно решение за полагање два екстерни и два интерни предмети и формирање работна група од Бирото за развој на образованието и од Сојузот на средношколци, во вклучени наставници, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерните испити. А, полагањето на матурата е одложено за една седмица. Па, на место на 29 мај, ќе се полага на 5 јуни.

Сотир Трајков

Jumbo 2