Македонија

Без консензус нема измени на Изборниот Законик

Бараат консензус за измени  а никој не отстапува од своите барања. Преговорите за Изборниот Законик  уште непочнати наидоа на спротиставени ставови кај најголемите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ инсистира градоначалниците да се бираат во еден изборен круг, СДСМ сака во два. Нема ниту правно решение за набавка на опрема за фингер принт.               

Само со консензус ќе се пристапи кон измени на Изборниот Законик. Без правно решение не може да отпочне ниту тендерската процедура за набавка на опрема за отисоци од прст. МВР кое располага со базата на податоци нема законско овластување да и даде вакви податоци на ДИК. СДСМ се залага за една изборна единица но не се согласува со  предлогот на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот да се бира во прв изборен круг.

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата да има  изборен праг а градоначалниците да се бираат во прв круг.

ВМРО-ДПМНЕ бара заедно со локалните да се организираат и предвремени парламентарни избори.На партиите им останува еден месец за договор.Доколку се согласат да се пристапи коон измени ова ќе биде 36-та промена на Изборниот законик.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Над 94 милиони евра стекнати спротивно на законот- МВР ја објави кривичната пријава за групата на Крмзов

Дејан Дејан

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе