Македонија Најважни

Порфириј нов патријарх на СПЦ, МОЦ – ОА очекува одмрзнување на односите, а афтокефалност од Цариград

Додека новоизбраниот српски патријарх Порфириј ги прима првите честитки за неговиот избор, македонската јавност бара одговори на прашањето дали тој ќе успее да ги помести затегнатите односи меѓу СПЦ и МПЦ. Од Кабинетот на архиепископот Стефан за Телма велат дека прашањето за признавање на МПЦ – Охридска архиепископија сега чека одговор од Цариград.

Со извици „достоен“, додека чукаа камбаните на храмот Свети Сава, беше дочекан новоизбраниот спрпски патријарх Порфириј Периќ. Владиката загрепско-љубљански Порфириј утре ќе биде устоличен за 46-ти поглавар на Српската православна црква. Негови против кандидати беа владиката Бачки Иринеј, чие духовно чедо е Порфириј, кој доби само еден глас помалку, односно 30 и бањалучкиот владика Јефрем на кого поддршка му дадоа 25 владици. Изборот беше решен со апостолски жреб.

Порфириј и пред изборот важеше за сериозен кандидат поради својата силна позиција внатре во СПЦ, но и поради нескриената блискост со актуелната власт и со претседателот Александар Вучиќ. Спаѓа во редот помлади епископи во СПЦ, а роден е на 22 јули 1961 година, по основното и средно образование дипломирал на Православниот богословски факултет во 1986 година. Во своето прво обраќајне за телевизија Храм тој повика сите да се молат за неговата дребност.

Ги молам сите, да му се молат на Господ за мојата дребност, заедно одејќи по патот, кој го поминаа нашите свети предци да се удостоиме во Царството небесно, рече Порфириј.

Тој доаѓа на местото на патријархот Иринеј, кој во ноември минатата година почина како последица на заразување со коронавирусот. Црковни кругови за Телма коментираат дека неспорни се неговите достигнувања како архиереј и интелектуалец. Од кабинетот на архиепископот Стефан за Телма велат дека МПЦ – ОА нема веќе што да бара од СПЦ, бидејќи прашањето за призвањето на афтокефалноста на македонската црква е префрлено во Цариградската патријаршија, но многу е важно одмрзнувањето на меѓуцрковните односи.

Секако дека одмрзнувањето или воспоставувањето на нормални односи во тој контекст е многу важно и е одлика на христијанскиот етос. Но, друго е прашањето за нашата афтокефалност. Прашањето за нашата афтокефалност повеќе не е на адресата, не е во дискурс со СПЦ, туку нашето прашање е при Цариградската патријаршија, при една повисока инстанца, вели отец Бобан Митевски.

Порфириј беше претседател на радиодифузната агенција, исто така српската јавност го знае како прв архиереј на кого му беше доверено да се грижи за верскиот живот на војската на Србија во 2010 година. Се смета за припадник на нешто помодерната струја во СПЦ. Српските социолози со оценка дека без сомнеж станува збор за човек кој ќе и биде добар добар партнер на власта. Тој е основач на хуманитарниот фонд „Привредник“ кој обезбедува школарина за децата. На негова иницијатива се формирани и четири терапевски заедници за лекување од зависности. Хрватските медиуми потсетуваат дека во 2016 се најде среде скандал по објавувањето на видео снимка на која тој заедно со неколку свешптеници пее четнички песни. Но, Порфириј до пред еден месец беше и во Петринје помагајќи им на настраданите во земјотресот.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Над 94 милиони евра стекнати спротивно на законот- МВР ја објави кривичната пријава за групата на Крмзов

Дејан Дејан

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе