Ковид19 Македонија Топ вести

Само 22 проценти од над 70 години до сега се пријавиле за вакцинација

По двомесечното чекање да стигнат вакцините и фронталниот напад на сајтот за пријавување за вакцинирање во првите два дена по неговото пуштање, резултатите една недела подоцна се благо кажано, поразителни. Досега он-лајн за вакцинација се пријавиле 56.000 лица, а преку матичен лекар 30.000. Интересот кај приоритетната возрасна група за вакцинација над 70 години го има истиот тренд. Само 38.000 граѓани од оваа старосна група се пријавиле за вакцинирање, вкупно и преку матичните и електронски, што е 22 проценти од 170.000 колку што како бројка се наведени во Националниот планз а вакцоинација на Министерството за здравство.

Но интересот кај обичните граѓани не треба да зачудува, ако се знае дека од предвидените 14.200 медицински лица за вакцинирање во првата фаза како најитни, во кои спаѓаат вработени во ковид-центрите, ургентните центи, клинички и општи болници и јавни и приватни, вработени во лаборатории за ковид дијагностика, центри за рехабилитација, старски домови, се пријавиле само 4.000 , од кои 2.000 во Скопје.

Од овие 4.000 до пладнево беа вакцинирани околу 300, од кои 202 вчера. Според информациите на Телма до денеска кај ниту еден од вчера вакцинираните не биле пријавени нус појави од вакцината. Тие беа вакцинирани со вакцините на Фајзер кои стигнаа од Србија во неделата, а кои се доволни за околу 2.300 лица. Од Министерството за здравство информираат дека останатите 3.320 вакцини од Србија, до 8.000, се очекува да пристигнат идната недела.

За до крајот на февруари најавено е дека ќе пристигнат и 200.000 вакцини на кинеската Синофарм, што со оглед дека месецов завршува идниот викенд, би значело дека и тие би требало да пристигнат идната недела.

Со пристигнувањето на кинеските вакцини всушност ќе зпоачне масовната вакцинација на населението, па по лицата од над 70 години, следни на листата се постарите од 65 години и оние со хронични болести и коморбидитети до 65. Во втората фаза за вакцинирање се и матичните лекари, фармацевтите и стоматолозите, но и  вработените во виталните инситутции за функционирање на државата, како полицијата, пожарникарите, царината, Армијата, Владата, Собранието.

Со оглед дека во втората фаза вакцинрањето ќе се одвива и според приоритетни професии и институции, од Министерството за здравство за Телма информираат дека електронскиот систем за пријавување за вакцинирање ќе биде надополнет и со овие графи.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Над 94 милиони евра стекнати спротивно на законот- МВР ја објави кривичната пријава за групата на Крмзов

Дејан Дејан

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе