Македонија Топ тема

Судот ги призна и регистрира салафистите како верска заедница – ИВЗ осто реагираше

ИВЗ со остра реакција бидејќи селафистичката верска заедница „Дар ел Хадис“ доби дозвола од надлежните институции и е регистрирана. Тие сметаат дека судот не смеел да даде дозвола за регистрација, биедејќи не било земено мислење од петте уставни заедници и законот не дозволувал заедница која има исто име, учења и исти религиозни практики. ИВЗ веќе поднела жалба до Апелација и ги известила државните институции но и меѓународните претставници. Тие директно ја обвинија судијката која ја дозволила регистрацијата а според ИВЗ новата верска заедница ќе внесе раздор меѓу верниците и ќе има штетни последици.

Новата верска заедница е регистрирана на 31 декември минатата година а основачкото собрание било во ноември. Идејата потекнала откако не им било овозможено да ја практикуваат религијата на оној начин како што тие веруваат дека е исправно. Велат дека како и ИВЗ се дел од Исламската религија но има длабоки разлики меѓу нив. Децидни се, законите се запзаени а не прекршени.

Од судот без коментар  бидејќи тече постапка во Апелација

За овој предмет во моментов се води постапка пред Апелациониот суд по жалба поднесена од заинтересирано лице – ИВЗ. Од тие причини Основниот граѓански суд во Скопје не може да коментира неправосилни судски одлуки.

Комисијата за односи со верски заедници е запознаена со случајот а оттаму велат дека има недоречености во законот поради кои дошло до оваа ситуација.

Сотировски појасни дека со одлука на министерот Маричиќ веќе е направена работа група која што треба да ги детектира сите недоследности во законот за верски заедници и да подготви измени.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

ИНЖЕНЕРИ: Владата озаконува паушални фактури за струја

Дејан Дејан

Укинат куќниот притвор за екс директорите на ДПИ, добија мерки на претпазливост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе