Вести Македонија

Ахмети: Не може да имаме спротивни ставови од УНЕСКО

Дали УНЕСКО има нереални барања или не и дали стружани имаат право да градат а потоа да легализираат претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не даде конкретен одговор бидејќи како што кажа не бил вклучен во процесот. Сепак тој смета дека локалната власт и институциите не смеат да имаат различни ставови од УНЕСКО.

Проблемот со дивоградбите, според Ахмети, мора да се реши институционално.

„Ова прашање мора да се реши институционално и прашање кое не може да се видат дали се местата каде што треба да бидат или не, дали има редовна процедура. Јас не сум вклучен во процесот за да ги знам внатрешните развивања но ние никако не може да бидеме спротивно од ставовите на УНЕСКО или меѓународните стандарди“, рече Ахмети.

Струшкиот градоначалник од редовите на ДУИ, Рамиз Мерко, од кого централната власт веќе една и пол година бара да им го достави регистарот на дивоградби минатата недела изјави дека „барањата на УНЕСКО се нереални“ и дека неговите сограѓани имаат право да градат и да легализираат.

Тој во неколку наврати изјави и дека во Струга нема ниту една дивоградба, што воопшто не соодвествува со состојбата на терен и проблемот го лоцираше во Охрид и тој дел од крајбрежјето.

Мерко најави и дека ќе ги врати ингеренциите во делот на градежните контроли на Владата што е нон сенс бидејќи таква постапка може да иницира само централната власт.

Според последните, се уште непотврдени информации, Охрид и крајбрежјето ќе го загуби статусот и ќе се најде на листата на светско наследство во опасност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради испраќање на Националната града во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе