Вести Македонија

Лична карта со етничка припадност

Предлог-законот за личните карти ја подели јавноста: партии, граѓански активисти за човекови права и експерти – предупредуваат дека се урива граѓанскиот концепт на државата, наспроти уверувањето на најголемите партии – дека се унапредуваат етничките права.

Претседателот Стево Пендаровски е еден од противниците на ваквиот предлог, како што потврди за Телма неговиот кабинет.

Лично, не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти. Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност. Мене не ми пречи, не мислам дека таков закон би ја растурил државата, ниту дека ќе има негативни последици, но лично не се согласувам. Ако законот биде донесен во регуларна постапка, ќе го потпишам указот.

Во владеачката коалиција, по Демократскиот сојуз, со одредени резерви излезе и НСДП. Лидерот Тито Петковски вели дека етничкото добива предност пред граѓанското.

Со јакнењето на „етничкиот“, наместо на граѓанскиот суверенитет, се доведува во прашање демократскиот карактер на државната власт. Отстапувајќи од Уставот, кој предвидува изградба на општество на рамноправни граѓани, нашето општество повеќе добива особини на еден конгломерат на етнички колективитети кои повеќе водат грижа за сопствените потреби и специфики, отколку за заедничките интереси на македонското општество.

Поранешниот пратеник и граѓански активист Павле Богоевски вели дека законот би бил прифатлив, доколку етничката припадност се запишува по желба на граѓанинот, а не како негова обврска.

Во владеачките СДСМ и БЕСА размислуваат во истата насока.

Законот треба прво да се разгледа и амандмански да се усогласи во Комисијата за политички систем. Допрва ќе се бара решение и за изјаснувањето на оние етноси кои не се споменати во преамбулата на Уставот. Пред да се најде на седница, ќе треба да се разгледаат и илјада и 200 амандмани од Левица, како и еден од ВМРО-ДПМНЕ, со кој се бара личните карти да не ја содржат придавката Северна во името на државата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради испраќање на Националната града во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе