Федерика Брињоне славеше на првата сезонска трка во Светскиот куп во алпско скијање што се одржа денеска во Зелден, Австрија.
Италијанската скијачка на велеслаломската трка по двете возења оствари вкупно време од 2 минути, 16 секунди и 5 стотинки. Алис Робинсон од Нов Зеланд беше втора со 17 стотинки послабо време додека трета беше Јулија Шајб со заостанување однешто од повеќе од една секунда зад победничката.
Утре во Зелден повторно ќе се вози велеслалом, но во машка конкуренција што исто така ќе биде прва сезонска трка. Светскиот куп потоа продолжува на 16.ноември во фински Леви, каде ќе се вози слалом во двете конкуренции.