Македонија Топ вести

Скопје и Софија ја спуштаат топката околу емотивните теми, се фокусираат на рационалните

Акциски план без политички и историски теми договориле Скопје и Софија, а кој треба да биде финиширан во наредните неколку дена. Планот кој треба да покаже нов пристап во соработката меѓу двете земји со ставање приоритете на рационални теми, а не на сензитивните, истовремено, како што вели шефот на дипломатијата, Бујар Османи не значи замрзнување на политичкиот дијалог за разликите меѓу Скопје и Софија. Тие, вели Османи, ќе бидат тема и на неговата претсојната средба со бугарската министерка Екатерина Захариева.  

Македонија и Бугарија ја менуваат тактиката и ја спуштаат топката околу сензитивните прашања кои предизвикуваат емоции кај двете страни и договараат акциски план за побрза имплементацијата на Договорот за добрососедство исчистен од отворените историски и политички прашања. Шефот на македонската дипломатија со став, дека досегашниот пристап да се разговара само за сензитинивите теми, се покажал покоплициран.

„Чуството беше дека во првата фаза дијалог меѓу нас и Бугарија беше премногу емотивен, со премногу емоции во него. Сметавем дека треба да го менуваме пристапот во однос на овој дијалог, да воспоставиме повеќе рационален пристап во овие разговори“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Акцискиот план меѓу Скопје и Софија на кој од ноември се кршеа многу копја, со оглед дека Бугарија бараше во него да влезат идентитетските прашања, а Македонија го одбиваше тоа, сега го чека датумот кога ќе се најде на маса на меѓувладината конференција на двете земји, а која треба да го договорат Османи и неговата бугарска колешка Захариева. Планот, вели Османи, е 99 проценти усогласен и ја дефинира секторската соработка меѓу министерствата, со прецизни проекти за реализација. Но тоа што политичките прашања не се содржани во планот не значи дека политичкиот дијалог меѓу Македонија и Бугарија е замрзнат.

„Се додека постојат тие разлики ние треба да разговараме, да продолжиме и никако не смееме да дозволиме ова да прерасне во еден замрзнат конфликт во кој, како што имавме во претходни ситуации коишто само ќе ја влошат довербата и ќе ги влошат изгледите за изнаоѓање на решение. Мојот пристап е да се комуницира, но сепак сега да ставиме акцент таму каде што имаме најмалку разлики. Прво затоа што тие не смеат да бидат жртва на овие разлики“, рече Османи.

Македонската страна се надева дека придвижувањето на работите со Бугарија ќе го откочат европското пристапување на земјава, за што утрово Османи разговарал и со својот португалскиот колега, актуелниот претседавач со Европската унија. Сепак информацијата која ја сподели Османи дека португалскотот претседателство не е во фаза да навлезе подетално во разлките кои постојат меѓу Македонија и Бугарија, не остава многу простор за оптимизам дека на мартовкиот самит на ЕУ би можело да има поместување по ова прашање.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скокна инфлацијата – поскапа храна, пиајалаци, потстрижување, но и лекување во бања

Дејан Дејан

Како промената на времето влијае по здравјето на луѓето?

Дејан Дејан

Таткото на Вања и кажал да се облече како за планинарење за денот кога групата на Палевски-Палчо го извршиле нечовечното убиство на дете: Завршни зборови на обвинителството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе