Македонија Топ вести

Судењето за случајот со девојчето Тамара Димовска од Велес не може ни да почне од почеток

Пропадна и денешниот обид одново да започне судскиот процес за случајот со девојчето Тамара Димовска од Велес. Целиот предмет завршил во апелациониот суд по жалба на единствената пресуда за претседателката на управниот одбор на Фондот за здравство Елена Трпковска, откако таа беше осудена на условна казна затвор во одвоена постапка. Шест години од смртта на девојчето од Велес во процесот кој се води против 11 обвинети за несовесно постапување во службата токму кога дојде пред крај се повлече судијата Марин Станевски.

Ова е поради тоа што еден од лекарите кој е обвинет лекувал близок роднина на судијата. Сега случајот е во рацете на судијката Александра Ристовска но следно рочиште на кое ке мора да почне од почеток е закажано за следниот месец. Девојчето почина на 9 ти Февруари 2015, а претходно боледуваше од сколиоза и бараше државата да и овозможи лекување во странство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори меѓу Грчец и Шишево и во радовишко – осум изгаснати пожари

Sasko Dimovski

Книжевна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб за Снежана Младеновска-Анѓелков и Игор Анѓелков

Дејан Дејан

Најмалку 13 загинати и 66 повредени – голема експлозија во Катар

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе